Советот на странски инвеститори објави „Белата книга“ - Македонија атрактивна за инвестирање

Bez autora
Jan 20 2015

Условите за деловно работење во Македонија се подобруваат, земјата и годинава повторно е меѓу најдобрите во регионот, атрактивна е за инвестиции и прави крупни промени во инфраструктурата, енергетиката, здравствениот систем... Ова е оценката содржана во првата „Бела книга“, на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Во „Белата книга“, која беше промовирана во вторникот, опфатени се ставови, предлози и сугестии на вкупно 110 странски компании присутни во Македонија. Претседателот на Советот Хуан Педро Наваро, претставувајќи ја „Белата книга“, истакна: „Минатата и претходните години е сторено многу на економски план. Сепак, останува да се поработи на петте клучни предизвици – поголема предвидливост на генералните цели на државата на економски план во однос на деловното опкружување, поефикасна администрација, помал потенцијал за корупција, поедноставување на административните постапки и правните процедури, како и редефинирање на образовниот систем со цел обезбедување што повеќе соодветен стручен кадар“.

Советот на странски инвеститори објави „Белата книга“ - Македонија атрактивна за инвестирањеУсловите за деловно работење во Македонија се подобруваат, земјата и годинава повторно е меѓу најдобрите во регионот, атрактивна е за инвестиции и прави крупни промени во инфраструктурата, енергетиката, здравствениот систем... Ова е оценката содржана во првата „Бела книга“, на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.

Во „Белата книга“, која беше промовирана во вторникот, опфатени се ставови, предлози и сугестии на вкупно 110 странски компании присутни во Македонија.

Претседателот на Советот Хуан Педро Наваро, претставувајќи ја „Белата книга“, истакна: „Минатата и претходните години е сторено многу на економски план. Сепак, останува да се поработи на петте клучни предизвици – поголема предвидливост на генералните цели на државата на економски план во однос на деловното опкружување, поефикасна администрација, помал потенцијал за корупција, поедноставување на административните постапки и правните процедури, како и редефинирање на образовниот систем со цел обезбедување што повеќе соодветен стручен кадар“.

Притоа, Наваро ја охрабри Владата да продолжи со привлекување странски инвеститори, зашто тоа е една, како што нагласи, од нејзините најуспешни политики.

Според претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, 2014 беше една од најплодните години на инвестициски план.

„Треба да се поддржат и поздрават напорите на Владата која вложи импресивна енергија за овој процес да успее“, рече Азески.

Според него, странските вложувачи се застапени во сите региони, што е особено битно за рамномерен економски развој, а нивната соработка со домашните фирми се зголемува. За бизнисот, потенцира Азески, не постојат мали и големи, странски и домашни компании. Тој мит полека се разобличува.

Изготвувањето на „Белата книга“ беше поздравено и од министерот за економија Беким Незири.

„Направивме многу за да го олесниме бизнисот. Благодарение на соработката со компаниите, 2014 е една од најуспешните за странските инвеститори кои веќе влегоа во Македонија или најавија нивно доаѓање тука“, рече Незири.

Според него, спроведените реформи дадоа конкретен резултат. Само во слободните индустриски зони моментно работат 3.500 лица, а допрва се очекува и отворање нови работни места, а податоците говорат и за пораст на извозот, кој само за една година се зголемил  за 54 отсто во слободните зони,  односно во 2014 година во  странство пласирани се стоки во вредност од 1,7 милијарди евра.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски нагласи дека со „Белата книга“ само се потврдува одличната соработка меѓу власта и бизнисот.

„Книгата е основа за натамошен развој на економската политика, но воедно и ќе им ја олесни одлуката на странските компании да дојдат во Македонија, согледувајќи ги искуствата на своите колеги“, истакна Пешевски.

И покрај сето она што е реализирано досега на деловен план, претстои уште многу работа. смета вицепремиерот.

„Белата книга“ ќе се издава секоја година, не само како видување за актуелните економски состојби во земјата, туку и како коректор или предлагач на она што евентуално може повеќе да се стори за подобрување на деловната клима.

На промоцијата присуствуваа и гувернерот на Народната банка Димитар Богов, како и директорот на Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ), Виктор Мизо.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik